455 (CDLV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 455 година од новата ера, 455. од првиот милениум, 55. од V век и шеста од 450-тите.
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5963 и 5964 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5205 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4215 и 4216 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1208.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 455 година се протега во 3091 и 3092, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3151 и 3152 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 998. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 172 и 171 година пред хиџра.
Настани
- Остроготите ја освојуваат Панонија и Далмација.
- Скандагупта го наследува Кумарагупта како владетел на Царството Гупта.
- 16 март - Валентинијан III е убиен од поранешните војници на Флавиј Аециј, како одмазда за убиството на Аециј од страна на Валентинијан, претходната година. Исто така, убиен е и неговиот дворјанин (primicerius sacri cubiculi) Хераклиј.
- 17 март - Петрониј Максим станува император. Подоцна е убиен од толпа.
- 2 јуни - Гејсерих ги води Вандалите во Рим, и го ограбува градот за период од две седмици.
- 9 јули - римскиот воен заповедник Авит е прогласен за император во Толоса.
Родени
Починале
- 16 март - Валентинијан III, западно-римски цар (атентат)
- 31 мај - Петрониј Максим, западно-римски цар (убиен од толпа)