Предлошка:Октомври 2026 31 октомври — 304-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (305-и во престапна година). Остануваат 61 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1517 | На портата на црквата во Витенберг, Мартин Лутер ги објавил своите 95 тези. Со тоа започнала протестантската реформација во католичката црква. Овој ден се слави како „Ден на реформацијата“. |
| 1876 | Страотен циклон ја разурнал Индија во областа на сливот на реката Ганг, оставајќи зад себе над 100.000 загинати. Уште 100.000 загинале по невремето од болести. |
| 1892 | Артур Конан Дојл ги објавил Авантурите на Шерлок Холмс. |
| 1924 | Во Милано, Италија бил одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето. |
| 1956 | Во Египет избувна Суецката војна. За да ја задржат контролата над Суецкиот Канал, Британските и француските авиони го бомбардираа Египет. |
| 1984 | Индира Ганди, премиерката на Индија, била убиена од двајца членови на обезбедувањето, етнички Сики. По убиството следеле немири во Њу Делхи во кои биле убиени скоро 2.000 невини Сики. |
| 1994 | Водачот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објавил „воена состојба“ во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контраофанзива во северозападниот дел на земјата. |
| 1995 | Република Македонија e вклучена во програмата ФАРЕ. |
Родени:
Починале:
| 1448 | Јован VIII Палеолог — претпоследен византиски цар. |
| 1851 | Петар Петровиќ - Његош — владика и владетел на Црна Гора. |
| 1898 | Јосиф Ковачев — македонски педагог, реформатор, револуционер, политичар и научник. |
| 1984 | Индира Ганди — премиер на Индија и истакнат водач на Движењето на неврзаните. |
| 1987 | Џозеф Кемпбел — американски митолог. |
| 1993 | Ривер Феникс — американски глумец и музичар. |
| 1993 | Федерико Фелини — италијански филмски режисер. |
| 1997 | Тадеуш Јанчар — полски глумец. |
| 2002 | Михалис Стасинопулос — претседател на Грција. |
| 2002 | Раф Валоне — италијански фудбалер и глумец. |
| 2005 | Амрита Притам — индиска писателка. |
| 2006 | Питер Бота — претседател на ЈАР. |
| 2011 | Флоријан Алберт — унгарски фудбалер. |
| 2020 | Шон Конери — шкотски глумец. |
Празници:
| * | Светски ден на штедењето |
| * | Ноќ на вештерките |
| * | Ден на реформацијата — празник во протестантството, особено за лутеранците. Државен празник во Чиле. |