Настани
| 1821
| Перу прогласува независност од Шпанија.
|
| 1858
| За првпат е употребен отпечаток од прстот како знак за идентификација, и тоа од страна на Вилијам Хершел, во Индија, кога земал отпечаток од извесен Раџадар Конаи.
|
| 1914
| Почна Првата светска војна. По атентатот извршен врз војводата Франц Фердинанд во Сараево, владата на Австроунгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум, кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австроунгарија да и објави војна на Србија. Три дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август и на Франција.
|
| 1937
| Јапонците во текот на Кинеско-јапонската војна го заземаат Пекинг.
|
| 1945
| Во Скопје излезе првиот број на весникот „Трудбеник“, орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно.
|
| 1976
| Во Тангшан, Кина се случил најсмртоносниот земјотрес во историјата, кој имал магнитуда над 8,2 според Рихтеровата скала, и загинале најмалку 240.000 луѓе. |