ФК Сиднеј е австралиски фудбалски клуб со седиште во Сиднеј, Нов Јужен Велс. Клубот моментално се натпреварува во А-лигата, најсилното фудбалско натпреварување во земјата.
Клубот е основан на 1 ноември 2004 година и во својата кратка историја има освоено четири титули во А-лигата, како и четири првенства во истата лига, еден ФФА Куп и исто така ја освоиле Лигата на шампионите на Океанија, пред Австралија да се пресели во Азиската фудбалска конфедерација.
До пред почетокот на сезоната 2018–2019, својте домашни натпревари ФК Сиднеј ги играл на Алијанц стадионот, кој имал капацитет од 45.500 места и се наоѓал во предградието на Мур Парк. Откако овој стадион бил срушен била започната изградба на нов на истото место која сѐ уште трае, а привремено клубот ги игра својте домашни натпревари на стадионот Џубили Овал. Фудбалерите на ФК Сиднеј најчесто настапуваат во светлосини дресови и темносини шорцеви.
Низ историјата голем број на фудбалски ѕвезди го носеле дресот на Сиднеј како: Двајт Јорк, Жунињо Паулиста, Џон Алоизи, Брет Емертон, Лукас Нил, Марк Јанко, Алесандро Дел Пјеро и др.
Играчи
Моментален состав
|
|

Капитени
Марк Руден (2005-2007)
Тони Поповиќ (2007-2008)
Стив Корика (2008-2010)
Тери МекФлин (2010-2013)
Алесандро Дел Пјеро (2013-2014)
Алекс Броске (2014-2019)
Алекс Вилкинсон (2019-денес)
Титули
А-лига
- А-лига Првенство
- Победник (4): 2009–2010, 2016–2017, 2017–2018, 2019–2020
- Вицешампион (3): 2005–2006, 2014–2015, 2018–2019
- А-лига Финале
- Победник (4): 2006, 2010, 2017, 2019
- Финалист (1): 2015
ФФА
- Победник (1): 2017
- Финалист (2): 2016, 2018
АФК/ОФК
- Победник (1): 2005
Наводи
- ↑ „About Us“. Sydney FC. Посетено на 5 August 2014.
- ↑ „Sydney Football Club Pty Ltd ACN 110 877 668“. Australian Securities and Investments Commission. Посетено на 5 August 2014.