Торсхавн, поточно: Тоурсхавн (фар: Tórshavn, дан. Thorshavn, шве. Torshamn) — главен град на Фарските Острови.

Градот се наоѓа во јужниот дел на островот Стрејмој и има околу 19,000 жители, а тоа го прави и најголем град на островите. Името во превод значи пристаниште Тора, кое по норсиската митологија е бог на грмотевицата.

Фарскиот парламент (Løgting), се наоѓа во стариот историски Тинганес полуостров во Орсхавен. Северозападно лежи планина од 347 метри надморска височина, на југозападот планина од 350 метри надморска височина.

Година Жители
1801554
1854око 900
19001656
19252896
19505607
197511,329
198012,641
198513,507
199014,689
199513,781
199715,844
199816,121
199916,469
200017,777
200118,067
200218,420
200519,282
2020*23,000
 *се предвидува

Надворешни врски