Ружа Анѓел или Ружа Анџел ( 1920 во Скопје 1943 во Треблинка, Полска) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите во Холокаустот.[1]

Животопис

Список на листата број 25, депортирани од Скопје

Бидејќи целото нејзино семејство учествувало во заднината на НОД од првите денови на вооруженото востание, таа била вклучена во сите акции на илегалното движење во градот.[1] Во 1942 година била член на симпатизерска група и собирала народна помош.[2] Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци. Во март 1943 година од страна на бугарскиот фашистички окупатор, била депортирана во концентрациониот логор Треблинка (Полска), каде била задушена во гасна комора.[1] Нејзиното име и членовите на нејзиното семејство се наоѓале на Список на листата број 25, депортирани од Скопје.[3]

Поврзано

Наводи

  1. 1 2 3 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 979.
  2. „ЕВРЕЈКИТЕ ОД СКОПЈЕ“. holocaustfund.org.mk (англиски). Посетено на 2024-08-13.
  3. Кралевски и други, Боро (1969). Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. стр. 331–383.