Ромскиот јазик[1] (изворно: rromani ćhib; разговорно наречен цигански[2]) е мајчиниот јазик на Ромите. Тој е дел од групата на индоариски јазици, поточно се класифицира или во централните индоариски јазици или во северозападни индоариски јазици. Доста често се класифицира и како своја посебна јазична гранка поради поголемиот број на сродни јазични варијанти.
Ромскиот јазик од страна на Ромите се нарекува řomani čhib („ромски јазик“) или řomanes („на ромски [начин]“).[3] Ова потекнува од ромскиот збор řom, што значи или „член на ромската група“ или „сопруг“.[3]