Величината и правецот на дводимензионално електрично поле кое опколува две еднакво наелектризирани (одбивни) честички. Светлоста ја прикажува величината а бојата ја претставува насоката.
Спротивно наелектризирани (привлекувачки) честички.

Полефизичка величина кое има вредност за секоја точка во просторот и времето.[1] На пример, при временската прогноза, брзината на ветерот е опишана со векторот за секоја точка на картата. Секој вектор ја претставува брзината и насоката на движењето на воздухот во таа точка.

Полето може да се класифицира како скаларно поле, векторско поле, спинорско поле или како тензорско поле во зависност од времто и вредноста на полето во секоја точка е скалар, вектор, спинор или пак тензор. На пример, Њутновото гравитациско поле е векторско поле: за да се одреди вредноста во точка во време-просторот потребни се три броеви, компонентите на гравитациското поле до таа точка. Покрај, категориите (скаларно, векторско, тензорско), полето може да биде и класично поле или пак квантно поле, во зависност од тоа дали е опишано со броеви или пак со квантни оператори.

За полето може да се каже дека се протега низ целиот простор. Во практиката, силата на повеќето полиња се намалува со растојанието до вредности кои не можат да бидат забележани. На пример, во Њутновата теорија за гравитацијата, силата на гравитациското поле е обратнопропорционална со квадратот од растојанието од гравитацискиот објект. Затоа пак Земјиното гравитациско поле мошне брзо станува незабележително во космичките пространства.

Определувањето на полето со „броеви во просторот“ не треба да одвлекува од идејата дека истото поседува физичка реалност. „Тоа зафаќа простор. Тоа содржи енергија. Неговото присуство го отстранува вистинскиот вакуум.“[2] Полето создава „условеност во просторот“[3] така што доколку се постави честичка во полето, честичката „чувствува“ сила.

Доколку електричен полнеж се забрза, ефектите на друг полнеж не се појавуваат веднаш. Првиот полнеж чувствува реактивна сила, насобирајќи импулс, но втората честичка не чувствува ништододека е под влијание, патувајќи со брзината на светлината, во моментото кога ја постигнува ја предава на импулсот. Каде е импулсот пред втората честичка да се помести? Според законот за запазување на импулсот мора да е тука некаде. Физичарите ова го користат како „големо олеснување при анализата на силите“[3] ако за истиот сметаат дека е дел од полето.

Оцаа поволност ги наведува физичарите да веруваат дека електромагнетните полиња навистина постојат, со што полето станува концепт, придружна парадигма на целата градба на современата физика. Џон Вилер и Ричард Фајнман сериозно го прифатиле Њутновиот концепт за дејството на растојание (иако го оставиле на страна поради постоечките употреби на полето како концепт во општата релативност и квантната електродинамика).

„Фактот дека електродинамичните полиња можат да поседуваат импулс и енергија е голема реалност... честичката создава поле, и полето дејствува на друга честичка и полето поседува познати својства како енергија и импулс, какво што поседува и честичката“.[3]

Историја

За Исак Њутн неговиот закон за сеопфатна гравитација едноставно ја искажувал гравитациската сила која делува на секој пар на масивни објекти. Кога се набљудува движењето на многу тела кои си заемодејствуваат, како што се планетите во Сончевиот Систем, справувањето со силите меѓу одделните парови набрзо станува пресметковно неизводливо. Во XVIII век, било развиено нов вид на сметање за сите овие гравитациски сили. Ова сметање се засновало на гравитациското поле, кое ја определувало секоја точка во просторот на коај делува целото гравитациско поле. Ова не ја променило физиката на никаков начин: ова не било важно при пресметувањето на сите гравитациски сили на објектот поединечно па потоа истите да се соберат, или доколку првично се додадат сите придонеси како гравитациско поле и потоа да се применат на објектот.[4]

Развојот на независен концепт за полето навистина започнал во XIX век со развојот на теоријата за електромагнетизмот. На почетокот, Андре Мари Ампер и Шарл Огистен де Кулон можеле да ги користат Њутновите закони за изразување на силите меѓу електричните полнежи или електричните струи. Сепак, станало поприродно да се користат полињата како пристап за да се изразат овие закони преку електричните и магнетните полиња, во 1849 година Мајкл Фарадеј бил првиот кој го употребил поимот „поле“.[4]

Независната природа на полето стнува поочигледна со откритието на Џејмс Кларк Максвел, дека брановите во овие полиња се движат со конечна брзина. Последователно, силите на полнежите и струите не зависат само од местоположбите и брзините на другите полнежи и струи во истовреме, туку и на нивните местоположби и брзини во минатото.[4]

Максвел, најпрво, не го прифатил современиот концепт за полето како основен ентитет кои може да постои независно. Наместо тоа, тој претпоставил дека електромагнетното поле ја изразувало деформацијата преку етерот, на начинсличен на гумената мембрана. Доколку сево оа било вистина, набљудуваната брзина на електромагнетните бранови ќе зависи од брзината на набљудувачот во однос на етерот. Покрај големиот напор, не се нашол ниеден доказ за дека ваков ефект постои, проблемот бил разрешен со воведувањето на специјалната теорија за релативноста од страна на Алберт Ајнштајн во 1905 година. Оваа теорија го сменила начинот на кој гледиштата за подвижните набљудувачи треба да се поврзани еден со друг на таков начин што брзината на електромагнетните бранови во Максвеловата теорија ќе бидат исти за сите набљудувачи. Со отстранувањето на потребата од средина, на овој начин се создал начин физичарите да ги гледаат полињата како независни ентитети.[4]

Во доцните 1920-и, новите правила на квантната механика биле првично применети на електромагнетните полиња. Во 1927 година, Пол Дирак ги искористил квантните полиња за успешно да го објасни начинот на кој атомот со снижување на квантната состојба доведува до спонатно оддавање на фотон, квантот на електромагнетното поле. Подоцна било согледано (од работата на of Паскуал Џордан, Јуџин Вигнер, Вернер Хајзенберг и Волфганг Паули) дека сите честички, вклучувајќи ги и електроните и протоните, можат да се разгледуваат како кванти на некое квантно поле, искачувајќи го статусот на полињата до најосновните објекти во природата.[4]

Класични полиња

Постојат неколку примери за класични полиња. Класичните теории остануваат корисни кога не произлегуваат квантните својства, и можат да бидат активно подрачје на истражување. Еластичноста на материјалите, динамиката на течностите и Максвеловите равенки се токму такви случаи.

Некои од наједноставните физички полиња се векторски полиња. Историски, полињата првпат биле сериозно прифатени од страна на Мајкл Фарадеј како линиите на силата кога истиот ги опишувал електричното поле. Гравитациското поле било опишано на сличен начин.

Њутнова гравитација

Во класичната гравитација, масата е изворот на привлечното гравитациско поле g.

Класичната теорија за полето ја опишува гравитацијата како Њутнова гравитација, која ја опишува гравитациската сила како меѓусебно заемодејство меѓу двете маси.

Секое масивно тело M поседува гравитациско поле g со кое се опишува влијанието на другите масивни тела. Гравитациското тело M во точката r во просторот се определува преку силата F која потекнува од M и дејствува на мала маса m со местоположба во r, и поделена со m:[5]

Наведувајќи дека m е многу помало од M осигурува дека присуството на m има незабележително влијание на однесувањето на M.

Според Њутновиот закон за сеопфатна гравитација, F(r) е определен од [5]

каде е единичен вектор кое лежи по должина на линијата која ги поврзува M и m и посечува од m кон M. Затоа пак, гравитациското поле на M е [5]

Опитните набљудувања дека инерцијалната маса и гравитациската маса се еднакви на со невидена прецизност што води кон поистоветување на силата на гравитациското поле да е еднакво на забрзувањето кое го поседува честичката. Ова е основата на начелото за еднаквост, кое води кон општата релативност.

Бидејќи гравитациската сила F се запазува, гравитациското поле g може да се презапише како градиент како скаларна функција, гравитациски потенцијал Φ(r):

Електромагнетизам

Мајкл Фарадеј бил првиот кој ја увидел важноста на полето како физички објект, за време на неговите истражувања на магнетизмот. Тој увидел дека електричното и магнетното поле не се само полиња на сила која го опишува начинот на движење на честичките, но исто така има независна физичка реалност порасди преносот на енергија.

Овие идеи во еден момент довеле до создавањето на првата обединувачка теорија за полето во физиката, од страна на Џејмс Клерк Максвел, со запишувањето на равенките за електромагнетното поле. Современата верзија на овие равенки се нарекува Максвелови равенки.

Електростатика

Наелектризирана пробна честичка со полнеж q е изложена на сила F заснована само а полнежот. На ист начин може да се опише и електричното поле E така што F = qE. Користејќи го ова и Кулоновиот закон се добива дека електричното поле од единечна честичка е:

Ова електрично поле е запазувачко, и затоа може да се опише со скаларниот потенцијал, V(r):

Магнетостатика

Стабилна струја со јачина I движејки се низ проводник со должина ќе дејствува со сила на блиските наелектризирани честички во движење кои се различни од силата на полињата опишани погоре. Силата со која дејствува I на блискиот полнеж q со брзина v е:

каде B(r) е магнетното поле, кое пак е определено од I преку Био-Саваровиот закон:

Општо гледано магнетното поле не се запазува, и поради тоа не може да се запише како скаларен потенцијал. Сепак, м,оже да се запише како векторски потенцијал, A(r):