Пивофестпивски фестивал што се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на Општина Прилеп и стопанските субјекти од градот.

Фестивалот е од отворен тип, се одржува во центарот на градот. Учество земаат познати производители на пиво и локални угостители. Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји. Фестивалот е познат по добрата забава, скара и ладното пиво и секако масовната посетеност.

Историја

Настанот е туристичка манифестација која што има 17 годишна традиција во Прилеп. Оваа ревија на врвни пива и специјалитети на скара, дополнета со фонот на избрани музички брендови на Балканот, е туристичка атракција, која што предизвикува интерес и кај љубителите на овој тип забави не само од Македонија, туку и пошироко на Балканот. Последните неколку години почетокот на фестивалот коинцидира со верскиот празник „Петровден“, а манифестацијата трае 4 дена. Има извонредна посетеност[1]

.

Во 2007 година

На фестивалската забава учествувале над 350.000 посетители од Македонија и странство кои испиле околу 250 тони пиво и изеле околу 60 тони скара[4]. На двете бини во центарот на градот настапиле 30-ина музички имиња и од забавната и од народната естрада. На 15-те штанда на шесте пиварници и десетте скараџии немало слободно место. Имало организирани посети од Грција и од Бугарија, а имало туристи и од Кина.

Период 2009 — 2016 година

Година Дати Посетеност Изведувачи
2009 16-19 јули 200.000 Северина Вучковиќ, Љубиша Стојановиќ - Луис, Ван Гог, Електирчни Оргазам.
2010 15-18 јули 320.000 Светлана Ражнатовиќ-Цеца, Гуча Оркестар, Даниела Враниќ.
2011 14-17 јули 340.000 Здравко Чолиќ, Харис Џиновиќ.
2012 14-17 јули 400.000 Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Мирослав Илиќ, Петар Грашо, Џеј Рамадановски.
2013 18-21 јули 300.000-400.000 Горан Бреговиќ, Халид Бешлиќ, Данијела Мартиновиќ, 2Cellos, Inna
2014 17-20 јули 300.000-400.000 Жељко Самарџиќ, Јелена Розга, Тони Цетински, Емина Јаховиќ, Маид Хечимовиќ,Тијана Дапчевиќ
2015 16-19 јули 300.000-400.000 Прљаво Казалиште, Дино Мерлин, Оливер Драгојевиќ, Неда Украден, Гоца Тржан,Саша Ковачевиќ
2016 14-17 јули 300.000-400.000 Тропико Бенд, Аца Лукас, Рада Манојловиќ, Каролина Гочева, Парни Ваљак, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ[5]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски