Зграда на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“библиотечна зграда во Скопје, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Опис

Зградата е изградена во 1973 година како нов дом на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Се наоѓа во населбата Дебар Маало на булеварот „Партизански Одреди“ бр. 22. Дело е на архитектот Прохирија Хаџикостова-Пешиќ. Проектирана е наменски како библиотека и претставува е една најфункционалните во Македонија. Се состои од подрум, приземје и два ката. Зафаќа површина од околу 4.500 м2 и има два депоа и книговезница во подрумот, сала за промоции и изложби на приземјето и голем број современи оддели и читални на катовите.[2]

Поврзано

Наводи

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Градска библиотека "Браќа Миладиновци". Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-10-21. Посетено на 21 октомври 2017.