Бобан Николов (роден на 28 јули 1994 г. во Штип) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Шериф Тираспол и на македонската репрезентација.

Клупска кариера

Николов започнал да игра фудбал во својот роден град, во клубот Брегалница, и само на 15-годишна возраст се преселил во академијата на прославениот романски фудбалер Георге Хаџи. Откако ги поминал соодветните возрасни категории во Академијата Георге Хаџи, тој потпишал професионален договор со романскиот прволигаш Виторул Констанца.

На 8 март 2013 година, тој дебитирал во дресот на Виторул во романската прва лига, во поразот од 4–1 од Газ Метан Медијаш.[1] Својот прв гол во романската прва лига, Николов го постигнал на 19 мај 2013 година во изненадувачката победа од 5-2 над Стеауа Букурешт.[2]

Во летото 2015 година, Николов потпишал тригодишен договор со Вардар.[3] Во сезоната 2017-2018 Николов бил дел од тимот на Вардар кој успеал да се пласира во групната фаза на Лига Европа, со што црвено-црните станале првиот македонски тим од осамостојувањето кој успеал да го стори тоа.[4][5] Покрај тоа, тој двапати го освоил првенството и еднаш Суперкупот на Македонија со Вардар.

На 18 јануари 2018 година, Николов потпишал за унгарскиот МОЛ Види, порано познат како Видеотон.[6] Одиграл три години за овој клуб, забележал 106 настапи и 11 голови, и во истиот тој период освоил два трофеја со клубот: унгарското првенство и Купот на Унгарија.

На 19 јануари 2021 година, потпишал за италијанскиот клуб Лече, член на втората дивизија.[7] Дебитирал во Серија Б во натпреварот Лече-Емполи 2-2. Во текот на вториот дел од сезоната 2020-2021, Николов собрал 13 настапи во првенството и 2 во плејофот за промоција, но не успеал во главната мисија да му помогне на клубот да избори промоција во Серија А.

На 20 август 2021 година, Николов се преселил во Молдавија каде потпишал за тамошниот шампион Шериф Тираспол.[8] На 15 септември, дебитирал во групната фаза на Лигата на шампионите, влегувајќи на местото на Франк Кастањеда во завршницата од победата со 2-0 на домашен терен над Шахтар Донецк.

Репрезентативна кариера

Николов е еден од играчите со најмногу настапи (24) за репрезентацијата на Македонија под 21 година и бил еден од најзаслужните за првиот историски пласман на оваа репрезентацијата на Европското првенство за играчи под 21 година 2017 во Полска. Тој ги одиграл сите 10 натпревари во квалификациите за споменатото првенство и играл во трите натпревари од групната фаза на турнирот, во кои Македонија забележала едно реми и два пораза и била елиминирана.

На 29 мај 2016 година, Николов го имал својот прв настап за сениорската репрезентација против Азербејџан во пријателски натпревар одигран во Бад Ерлах, Австрија. На 24 март 2017 година, во својот трет настап за Македонија, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата со 2-0 против Лихтенштајн.[9]

Во јуни 2021 година, Николов бил повикан во составот на Македонија за Европското првенство 2020.[10] Тој ги започнал првите два натпревари од групната фаза против Австрија и Украина, играјќи надвор од својата позиција на местото десен бек. Конечно, во последниот натпревар против Холандија, појавувајќи се од клупата за резерви во 78-мата минута, тој добил можност да игра во средниот ред. Македонија со три порази била елиминирана уште по групната фаза.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
29-5-2016Бад ЕрлахАзербејџан Азербејџан1 – 3Македонија МакедонијаПријателска-влегол во игра 31' добил жолт картон во 82-рата минута 82'
2-6-2016СкопјеМакедонија Македонија1 – 3Иран ИранПријателска-заменет 46'
24-3-2017ВадуцЛихтенштајн Лихтенштајн0 – 2Македонија МакедонијаКвал. за СП 20181
2-9-2017ХаифаИзраел Израел0 – 1Македонија МакедонијаКвал. за СП 2018-заменет 63'
5-9-2017СтрумицаМакедонија Македонија1 – 1Албанија АлбанијаКвал. за СП 2018-заменет 58'
11-11-2017СкопјеМакедонија Македонија2 – 0Норвешка НорвешкаПријателска-влегол во игра 76'
23-3-2018БелекФинска Финска0 – 0Македонија МакедонијаПријателска-влегол во игра 66'
27-3-2018АксуАзербејџан Азербејџан1 – 1Македонија МакедонијаПријателска-заменет 69'
6-9-2018ГибралтарГибралтар Гибралтар0 – 2Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
9-9-2018СкопјеМакедонија Македонија2 – 0Ерменија ЕрменијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-влегол во игра 74' добил жолт картон во 84-тата минута 84'
13-10-2018СкопјеМакедонија Македонија4 – 1Лихтенштајн ЛихтенштајнУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-влегол во игра 69'
16-11-2018ВадуцЛихтенштајн Лихтенштајн0 – 2Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
19-11-2018СкопјеМакедонија Македонија4 – 0Гибралтар ГибралтарУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
21-3-2019СкопјеМакедонија Македонија3 – 1Латвија ЛатвијаКвал. за ЕП 2020-
24-3-2019ЉубљанаСловенија Словенија1 – 1Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2020-добил жолт картон во 19-тата минута 19'
7-6-2019СкопјеМакедонија Македонија0 – 1Полска ПолскаКвал. за ЕП 2020-заменет 62'
10-6-2019СкопјеМакедонија Македонија1 – 4Австрија АвстријаКвал. за ЕП 2020-заменет 67'
5-9-2019Бер ШеваИзраел Израел1 – 1Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2020-добил жолт картон во 7-мата минута 7' заменет 75'
9-9-2019РигаЛатвија Латвија0 – 2Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2020-влегол во игра 75'
10-10-2019СкопјеМакедонија Македонија2 – 1Словенија СловенијаКвал. за ЕП 2020-
13-10-2019ВаршаваПолска Полска2 – 0Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2020-добил жолт картон во 19-тата минута 19' заменет 88'
19-11-2019СкопјеМакедонија Македонија1 – 0Израел ИзраелКвал. за ЕП 20201добил жолт картон во 60-тата минута 60'
5-9-2020SkopjeМакедонија Македонија2 – 1Ерменија ЕрменијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-заменет 75'
8-9-2020ТбилисиГрузија Грузија1 – 1Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-влегол во игра 59' добил жолт картон во 65-тата минута 65'
8-10-2020СкопјеМакедонија Македонија2 – 1Косово КосовоКвал. за ЕП 2020-
11-10-2020ТалинЕстонија Естонија3 – 3Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-заменет 64'
14-10-2020СкопјеМакедонија Македонија1 – 1Грузија ГрузијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-заменет 88'
12-11-2020ТбилисиГрузија Грузија0 – 1Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2020-добил жолт картон во 62-рата минута 62' заменет 84'
15-11-2020СкопјеМакедонија Македонија2 – 1Естонија ЕстонијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-добил жолт картон во 34-тата минута 34'
Вкупно Настапи 46 Голови 4

Титули

Вардар Вардар
2015–16, 2016–17
2015
МОЛ Види МОЛ Види
2017-2018
2018-2019

Наводи

  1. „Boban Nikolov made his pro debut“. macedonianfootball.com. 9 March 2013. Посетено на 6 December 2013.
  2. „Boban Nikolov, primul străin din istorie care înscrie pentru Viitorul“. Digi TV. 19 May 2013. Посетено на 6 December 2013.
  3. Николов и Брдаревски нови засилувања на Вардар[мртва врска] Дневник; 12 јуни 2015
  4. „Вардар избори место во групите од Лига Европа: Фенербахче на колена, македонскиот шампион испиша историја! (ВИДЕО)“. 24fudbal.mk. 24 август 2017. Посетено на 20 август 2022.[мртва врска]
  5. „Радувај се Македонијо, Вардар е во Лига Европа! (ФОТО+ВИДЕО)“. sport1.mk. 24 август 2017. Посетено на 20 август 2022.
  6. „Videoton: hivatalosan is bejelentették a macedón középpályást“. Nemzeti Sport. 2018-01-18.
  7. „Nikolov in giallorosso“. 19 јануари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-16. Посетено на 19 јануари 2021.
  8. „Welcome, Boban“. FC Sheriff Tiraspol. 20 August 2021. Посетено на 20 August 2021.
  9. UEFA
  10. „Игор Ангеловски го објави списокот за ЕУРО 202020“. Архивирано од изворникот на 2021-06-02. Посетено на 22 мај 2021.

Надворешни врски