слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 159.901 статии на македонски јазик и 331 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 23 март 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1309  Папата Климент V ја преместил папската престолнина во Авињон, Франција.
1801  Александар I станал цар на Русија.
1806  Англија ја забранила трговијата со робови.
1821  Грчка војна за независност: Паднал градот Каламата.
1879  Започнала јужноамериканската Тихоокеанска војна.
1918  Литванија се здобила со независност.
1919  Во Милано, Бенито Мусолини го основал Фашистичкото политичко движење.
1933  Рајхстагот на Германија го донел Овластувачкиот закон со кој на канцеларот Адолф Хитлер му доверил диктаторски овластувања.
1950  Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата.
1956  Пакистан станал исламска република
1994  Министерството за односи со странство на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Турција примило нота од Министерството за надворешни работи на Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава.
1996  Во Скопје, САД официјално го промовирале првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил.
2003  Словенија на референдум изгласала декларација за приклучување на земјата кон ЕУ.

Родени:

1749  Пјер Симон Лаплас — француски математичар, физичар и астроном.
1868  Дитрих Екарт — германски политичар, клучен во почетоците на Националсоцијалистичката партија.
1900  Ерих Фром — германски филозоф и психоаналитичар.
1908  Џоан Крафорд — американска глумица.
1910  Акира Куросава — јапонски филмски режисер.
1912  Вернер фон Браун — германски физичар.
1931  Виктор Корчној — руски шахист.
1940  Ристо Шишков — македонски театарски, филмски и телевизиски артист.
1946  Драган Кресоја — српски и југословенски режисер.
1949  Рик Окасек — американски пејач, музичар и музички продуцент.
1953  Чака Кан — американска пејачка.
1953  Ивица Шурјак — хрватски и југословенски фудбалер.
1955  Мозис Малоун — американски кошаркар.
1956  Жозе Мануел Барозо — португалски политичар, претседател на Европската комисија.
1960  Даворин Боговиќ — хрватски пејач, член на рок-групата „Прљаво казалиште“.
1962  Стив Редгрејв — британски веслач.
1968  Фернандо Јеро — шпански фудбалер.
1968  Дамон Албарн — англиски пејач.
1970  Џани Инфантино — швајцарско-италијански фудбалски администратор, претседател на ФИФА.
1973  Џејсон Кид — американски кошаркар и тренер.
1973  Јержи Дудек — полски фудбалски голман.
1977  Трајче Стојанов — македонски филозоф.
1978  Валтер Самуел — аргентински фудбалер.
1984  Луис Анхел Мате — шпански велосипедист.
1985  Џонатан Ивер — француски велосипедист.
1989  Ерик Максим Шупо-Мотинг — германско-камерунски фудбалер.
1990  Гордон Хејворд — американски кошаркар.
1992  Кајри Ирвинг — американски кошаркар.
1995  Озан Туфан — турски фудбалер.
2003  Алваро Карерас — шпански фудбалер.

Починале:

1103  Одо I — бургински војвода.
1361  Хенри Гросмонтвојвода од Ланкастер.
1369  Петар Кастиљски — крал на Кастиља.
1555  Јулиј IIIримски папа од 1550.
1801  Павле Iцар на Русија.
1842  Шари Анри Бејл (Стендал) — француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам.
1907  Константин Победоносцев — руски државник и правник.
1948  Николај Александрович Берѓаев — руски филозоф.
1937  Џон Дејвисон Рокфелер — американски индустријалец и филантроп.
1992  Фридрих фон Хајек — австриско-британски економист, добитник на Нобеловата награда.
1994  Џулиета Масина — италијанска артистка.
2008  Борис Дворник — хрватски глумец.
2011  Елизабет Тејлор — британско-американска глумица.
2015  Ли Куан Јупремиер на Сингапур.
2024  Абдулах Сидран — босански поет и сценарист.

Празници:

1961  Светски ден на метеорологијата
  Св. маченик Кодрат Коринтски — православен верски празник.
  Св. Турбиј Монгровејски — католички верски празник.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Необјавена илустрација за новогодишно издание на Saturday Evening Post.
Дали сте знаеле...


Градските ѕидини и Македонската кула во Одрин
Градските ѕидини и Македонската кула во Одрин


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 159.901 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич